Ле Пен бара да се запре приемот на мигранти во Франција

Лидерката на ултарадесничарскиот Национален фронт, Марин ле Пен побара под итно да запре приемот на мигранти во Франција. Нејзиното барање уследи по нападите во Париз во кои загинаа најмалку 129 луѓе, а 352 се повредени.

Во соопштението од Националниот фронт се наведува дека еден од напаѓачите пристигнал во Грција на 3. октомври заедно со мигрантскиот бран.

Нападите во Париз и во Сен Дени во „Стад де Франс“ се извршени од седум лица, од кои шест загинале кога ги активирале појасите со експлозив, а едниот е убие од полицијата.