Ле Пен побара Ибражимовиќ да ја напушти Франција

Златан Ибрахимовиќ се најде во центарот на вниманието по мечот помеѓу Бордо и ПСЖ.

Неговиот тим загуби на овој натпревар со 3:2, а изреволтиран од некоректното судење, Ибрахимовиќ рече дека Франција е по*рана земја која не го заслужува ПСЖ.

Швеѓанецот подоцна се извини, но ниту тоа не го ублажи револтот кај Французите, а имаше и реакција од државниот врв, односно од Марин Ле Пен, европарламентарка и претседателски кандидат од партијата Национален фронт, која побара Ибрахимовиќ да ја напушти државата.

По овој скандал, речиси сигурно е дека популарниот Ибра по завршувањето на сезоната ќе замине од Париз, а медиумите веќе го селат во Премиер лигата.

Според обложувалниците најголеми шанси за неговиот потпис со квота од 8/1 има Ливерпул, потоа следува Челзи со квота 11, па Сити со 17 и Арсенал со 21.

Ибрахимовиќ во октомври полни 34 години, а иако е во залезот на својата кариера, може да одигра барем уште две сезони на врвно ниво. Со оглед на тоа дека никогаш не играл во Премиер лигата, можеби е вистински момент за такво нешто.