ЛЕ: Севиља речиси ја заврши работата, Наполи не успеа да оствари предност

Актуелниот освојувач на Лигата на Европа, Севиља речиси сигурно ќе има можност повторно да игра во големото финале.

Шпанскиот тим славеше на првиот полуфинален меч против Фиорентина со високи 3:0, па доколку не се случи некое чудо на реваншот, Севиља ќе има прилика да го одбрани трофејот освоен минатата сезона.

Инаку херој кај домашните беше Алекс Видал, кој постигна два погодока, во 17-та и 52-та минута, додека конечните 3:0 ги постави Кевин Гамеиро во 75-та минута од натпреварот.

Наполи и Дњипро, пак, патникот во финалето ќе го одлучуваат низ вторите меѓусебни 90 минути откако во Неапол одиграа без победник, 1:1.

Наполи на вечерашниот дуел дојде до водство преку погодокот на Лопез во 50-та минута, но сепак Украинците стигнаа до извонреден резултат пред реваншот со голот за 1:1 на Селезњов во 81-та минута од натпреварот.