Македонија

Кранфилд Фаундри ќе гради леарница во Пробиштип – 300 нови вработувања

Кранфилд Фаундри ќе гради леарница во Пробиштип – 300 нови вработувања

Најсовремена, високо-автоматизирана еколошка леарница за производство на делови за автомобилската индустрија ќе гради компанијата Кранфилд Фаундри, која денес потпиша договор за инвестиција во Пробиштип.

Оваа инвестиција беше најавена од страна на премиерот Никола Груевски пред само еден месец, а веќе денес имаме можост да видиме дека и ова ветување стана реалност.

Компанијата ќе вработи 300 лица во Пробиштип

Компанијата Кранфилд Фаундри ќе вложи 15 милиони евра и ќе вработи околу 300 лица. Проектот ќе зафаќа површина од околу осум хектари, а ќе се состои од производствен погон и административна зграда на 15 илјади метри квадратни, а производството во новата леарница треба да почне за најдоцна една година.

Со оваа инвестиција во Пробиштип ќе биде изградена најсовремена леарница  на железо и алуминиум. Производи кои што практично се најпотребни во автомобилскиот сектор, а нивното доаѓање на македонскиот пазар се очекува да привлече нови инвеститори поради потребата од вакви производи.

Џуба: Македонија е најсоодветна за бизнис

Челниците на компанијата разгледувале локации за инвестирање низ повеќе земји и градови во Европа. Ја избраа Македонија поради поволната бизнис клима, поддршката која им ја обезбедила македонската Влада, лесниот пристап до пазарите во Европа и Русија, квалификуваната работна сила  и местоположбата.

Џуба: Македонија е најсоодветна за бизнис
Џуба: Македонија е најсоодветна за бизнис

Како што рече извршниот директор на компанијата Дарио Џуба, менаџерскиот тим пред да дојде во Македонија, разгледал неколку локации во Европа, главно во балканскиот регион.

Оценивме дека Македонија е најсоодветна за бизнис поради местоположбата, лесниот пристап до европските пазари и погодностите што ги нуди, особено поддршката од Владата, конкурентните трошоци за градба и квалификуваната работна сила, рече Џуба.

Тој посочи дека модерниот и еколошки прифатлив капацитет ќе биде сличен на останатите модерни леарници кои можат да се најдат во земји како Германија, Франција или Полска.

Леарницата ќе биде проектирана и изградена од ГЕМКО, холандска инжинерска компанија која е специјализирана. Фирмата ќе го гради капацитетот заедно со македонска градежна компанија, истакна Џуба.

Груевски: Можни се дополнителни инвестициски вложувања

Премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на настанот истакна дека оваа инвестиција е од огромна важност за тој дел од Македонија бидејќи во Пробиштип има невработени лица кои токму овде ќе добијат работно место.

Груевски: Она што е важно е дека инвеститорот најави можност и за дополнителни инвестициски вложувања и поставување на втора производна линија во наредните 4-5 години
Груевски: Она што е важно е дека инвеститорот најави можност и за дополнителни инвестициски вложувања и поставување на втора производна линија во наредните 4-5 години

Она што е важно е дека инвеститорот најави можност и за дополнителни инвестициски вложувања и поставување на втора производна линија во наредните 4-5 години, што значи и дополнителни работни места за граѓаните. Отворањето на работни места е наша основна цел и во таа насока и понатаму ќе работиме што поскоро да имаме и други компании кои ќе го следат овој пример. Ние како влада ќе помогнеме и во изградба на потребната инфраструктура. Во оваа индустриска зона ќе има и други градежни парцели и верувам дека паралелно со изградбата на оваа леарница ќе успееме да привлечеме и други компании, истакна Груевски.

Премиерот им порача на претставниците на Кранфилд Фаундри дека во целиот процес ќе имаат голема поддршка од  владини претставници  и државни институции.

Овој инвестициски проект за Пробиштип и околината ќе значи не само зголемување на невработеноста, туку и вложување во човечки капитал преку обуки и трансфер на знаења, зголемување на извозот и поттик на домашното стопанство со креирање мрежа на локални добавувачи кои дополнително ќе придонесат за раздвижување на локалната економија, истакна министерот Павлески.

Најсовремена, високо-автоматизирана еколошка леарница за производство на делови за автомобилската индустрија ќе гради компанијата Кранфилд Фаундри
Најсовремена, високо-автоматизирана еколошка леарница за производство на делови за автомобилската индустрија ќе гради компанијата Кранфилд Фаундри

„Кранфилд Фаундри“ е компанија основана од руски капитал, дел од бизнис групата „Кранфилд“ во семејна сопственост чии основачи имаат долга традиција во металургискиот сектор во Русија.

ФОТО: МИА