Лебедово езеро на сцената во МОБ

Во Македонската опера и балет ќе утре биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, еден од бисерите на балетската класика.

„Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Марија Кичевска Шокаровска и Бобан Ковачевски. Во улогата на Ротбарт, ќе настапи Игор Веланоски. Со оркестарот на МОБ ќе диригира Бисера Чадловска.

Потсетување: Заради градежни зафати, влезот во Македонската Опера и Балет е преку подземната гаража од страната на аптеката „Зегин“.