Лебот во Сирија поскап за 500 отсто

Во Сирија цената на лебот се зголемила за над 500 отсто во последните две години. Четири петтини од Сиријците ја сметаат храната за своја приоритетна потреба , покажа истражувањето на Меѓународниот спасувачки комитет во Њујорк.

Истражувањето било спроведено меѓу 500 целни групи Сиријци во целата земја.

Според генералниот директор на Меѓународниот спасувачки комитет, Дејвид Милибанд, податоците покажуваат дека гладот му се заканува на голем дел од сириското население.

„Стануваме сведоци на хуманитарна катастрофа, која не го привлекува вниманието на светот“, додал Милибанд.