Леброн дојде во „Лејкерс“ за да стане холивудски могул, а не поради кошарката

Поранешната НБА ѕвезда, а сега телевизиски аналитичар Чарлс Баркли верува дека доаѓањето на  Леброн Џејмс во редовите на „Лос Анџелес Лејкерс“ е чиста бизнис одлука и нема ништо со спортските и натпреварувачки мотиви.

Џејмс на крајот на сезоната стана слободен агент, но не сакаше да потпише нов договор со „Кливленд“ па  дојде во „Лејкерс“ каде што се согласи за четиригодишна соработка за која ќе добие 154 милиони долари.

Познатиот брбливко го критикуваше изборот на Леброн и ги објасни мотивите за еден таков потег.

На ова гледам само како на бизнис потег. Неговата кариера е на надолна траекторија. Тој сака да биде голем холивудски магнат. Секој ден ќе се вози покрај плажа наместо да оди низ снегот,  направи Баркли споредба на Калифорнија и Охајо.

Тој, исто така, истакна дека „Лејкерси“ не можат да се борат за врвот на табелата во Западната конференција.

Не е дури ни блиску да бидат на прво место. Во најдобар случај може да бидат петти или шести. Ова е невозможно сценарио за тренерот Лук Волтон. Тимот го има Леброн, кој ќе работи по свое. Има група на момчиња на кои Леброн веројатно им е идол. Има постари играчи кои ќе бараат внимание. Мислам дека Ленс Стивенсон и Раџон Рондо нема да сакаат да бидат девети или десет играчи на клупата, а при тоа да бидат тивки во текот на годината, објаснува Баркли.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.