Леброн Џејмс е лут на колеџите ширум САД – сакаат да го регрутираат неговиот син

Дека Леброн Џејмс Јуниор се движи по стапките на татко му им е јасно на сите, но сепак тоа почна да преставува проблем.

Имено колеџите во САД буквално се “тепаат” за неговиот потпис, што е лудост бидејќи синот на најдобриот кошаркар на светот има само 10 години.

Сета оваа фама која се крена околу него ужасно му смета на Леброн, па тој се огласи преку телевизијата СИ-БИ-ЕС со порака до сите колеџи кои се заинтересирани за неговиот син.

“Да тој веќе има понуди од колеџи. Тоа е лудо, треба да биде казниво со закон. Треба да биде забрането да се регрутираат 10-годишни момчиња”, изјави Леброн.