Леброн Џејмс најомилен кошаркар во НБА лигата

Леброн Џејмс вторпат со ред е избран за најомилен кошаркар кај новите играчи во најсилната светска НБА лига.

Засилувањето за Лос Анџелес Лејкерс доби 29 отсто од гласовите во анкетата на Clutch Points. Второто место го делат членовите на Голден Стејт, Стеф Кари и Кевин Дурант со по 9 отсто.

По нив следуваат Јанис Адетокумбо од Милвоки, Расел Вестбрук од Оклахома, Крис Пол од Хјустон и Двејн Вејд кој  во моментов е без ангажман со по 6 отсто гласови од дебитантите во НБА.

Во изборот од минатата сезона, Џејмс победи со 31 отсто од испитаниците.