Леброн Џејмс се откажа од Кливленд бидејќи има намера да продолжи со Кливленд

Леброн Џејмс ја одби опцијата за продолжување на договорот пред стартот на “трансфер периодот” во НБА, со што од 1 јули ќе стане слободен игрaч, но има намера да го продолжи договорот со Кливленд.

За два дена престанува да важи договорот според кој Леброн заработуваше 21,6 милиони долари годишно, само за да потпише нов едногодишен со опција за продолжување на уште една сезона.

Иако Џејмс по третпат во последните десет години станува слободен агент, и така има право да преговара со кого сака, сепак се очекува да остане во Кливленд. Првиот ден кога ќе може да потпише нов договор е 9 јули.

Џејмс, кој минатото лето се врати во Кливленд како слободен играч по четирите минати години во Мајами, со новиот договор ќе заработува 22 милиони повеќе. Секако, не одби автоматски да го продолжи договорот поради зголемувањето од 400 илјади долари.

Следното лето ќе има многу подобра преговарачка позиција за нов долгогодишен договор, кога максимално ќе ја искористи својата огромна играчка и маркетиншка вредност, откако НБА ќе почне да се “бања во пари” поради новиот договор во врска со ТВ правата продаден за 24 милијарди долари. Се очекува на лето 2016 година да потпише петгодишен договор вреден 200 милиони долари.

Џејмс се грижи и за оние околу него, бидејќи неговиот агент Рич Пол го застапува и Тристан Томпсон, а Леброн изјави дека сака да го види во Кливленд, па сега му се смешка раскошен четиригодишен договор вреден 70 милиони долари.

Ништо чудно што има толкава моќ, бидејќи сепак се работи за човекот кој не престанува да докажува колку значи за тимот во кој игра – зад него е НБА финале до кое стигна со десеткувана екипа и повредените Лов, Ирвинг, Варежао и во кој имаше фантастичен просек од 35,8 поени, 13 скока и 8 асистенции по натпревар.

Два пати напушташе клубови: во 2010 кога од Кливленд замина во Мајами и четири години подоцна, кога се врати во Кливленд. Тимовите од кои заминуваше не успеаја да влезат во плеј-оф, а и двете екипи кои ги засили играа во НБА финалето.

Во следните неколку дена ќе биде слободен играч…

Извор: Спортмедиа.мк