Леброн го мина Ајверсон – следен е Реј Ален

Најдобриот играч на Кливленд, Леброн Џејмс се искачи на 22-то место на листата најефикасни кошаркари во историјата на НБА лигата.

Тој вчера против Њујорк постигна 18 поени, со што стигна до вкупно 24,383 поени во својата професионална НБА кариера, доволно за да ја мине на листата легендата на Филаделфија, Ален Ајверсон.

Нареден предизвик за Леброн Џејмс е Реј Ален, кој има 24,505 поени и се наоѓа на 21 место на вечната листа на стрелци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.