Леброн испишува историја

Леброн Џејмс се врати во Кливленд по четиригодишната одисеја во Мајами и веднаш ги врати Кавалирс во големото финале на НБА лигата.

Тимот од Охајо ќе се бори за титулата првпат по осум години, но јасно е дека целото внимание во овој момент е насочено кон првата ѕвезда во тимот. Леброн стана првиот играч по пауза од 49 години кој ќе учествува во пет финалиња на НБА лигата во низа. Претходните четири години тој се бореше за титулата со Мајами при што освои две титули, а сега ќе се обиде да му ја донесе првата во историјата на Кливленд.

Претходно, пет финалиња играле членовите на златната генерација на Бостон Селтикс од 1962 до 1966 година предводена од Бил Расел и Боб Кузи. Расел е и рекордер со десет финалиња во серија, а зад него се Том Хеинсон и Сем Џонс со девет, Френк Ремси и Кеј Си Џонс со осум, Кузи со седум и Том Сендерс со шест. По завршувањето на доминацијата на Бостон, ниеден кошаркар не успеал пет пати по ред да стигне до финалето на НБА лигата.

finale

Колкав е ефектот на Леброн Џејмс во овој тимот на Кливленд најдобро зборува статистиката од финалната серија на Источната конференција против Атланта Хоукс: 30,3 поени, 11 скока и 9,3 асистенции по натпревар.