Леброн со ново достигнување – го помина и Џери Вест на вечната листа

Моментот во кој Џери Вест е овековечен во логото на НБА лигата

Со своите 30 поени во поразот од Пистонс (99:104), Џејмс престигна многу важна фигура во историјата на лигата.

Станува збор за Џери Вест, човекот со чија силуета е изработено логото на НБА лигата уште во далечната 1969 година.

Својата кариера тој ја заврши со 25.192 поена, а на Леброн потребни му беа 10 за да го помине и да се промовира во 19-ти на сите времиња. Тоа се случи уште рано, на три минути до крајот на првата четвртина, кога Џејмс погоди тројка од аголот.

Додека на Вест му беа потребни 14 сезони и 932 меча за да успее да дојде до оваа бројка, на Џејмс тоа му успеа за 13 сезони и 922 натпревари.

По синоќешниот меч застана на 26 поени, а многу бргу би требало да го мине и следниот великан пред него, Реџи Милер, кој со 25.279 поени е на 18-то место на вечниот поредок.

Леброн Џејмс од почетокот на оваа сезона постигнува повеќе од 27 поени по натпревар, така што ако продолжи во тој тренд и ги одигра сите 82 меча за Кавалирс до крајот на регуларноит дел, би требало да влезе во топ-10 на сите времиња, престигнувајќи го Хаким Олајџувон со 26.946 поени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.