Легализација на марихуаната во Хрватска до крајот на 2015

Легализирање на употребата на марихуана за медицински цели во Хрватска, што со нетрпение ја очекуваат заболените од мултиплекс склероза и други тешко болести, ќе се реализира најрано во септември, пишува „Нови лист“, повикувајќи се на извори од хрватското Mинистерство за здравство.

Првите производи од канабис регистрирани во државите од ЕУ би можеле да се најдат на хрватскиот пазар до крајот на годината, доколку производителите или фармацевтските компании што ги застапуваат поднесат барање за регистрирање во Агенцијата за лекови и медицински производи.

Комисијата на Министерството за здравство за анализа и препорака на примената на канабис за медицински цели едногласно препорача кон средината на јануари промена на законската легислатива, односно измена на Законот за сузбивање на злоупотреба на дрога и префрлање на канабисот од првата група на дроги според конвенцијата од 1971 година, со што ќе се овозможи издавање медицинска марихуана на рецепт, односно употреба на марихуана за медицински цели во Хрватска.

Иако со тоа има зелено светло за иземна на законот, хрватскиот министер за здравство Синиша Варга ќе почека комисијата целосно да ја заврши работата. Во министерството очекуваат комисијата со конечен стручен став и заклучок да излезе пред јавноста најдоцна до јуни, наведува весникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.