Легализиран планинарскиот дом на „Копанки“

Легализиран планинарскиот дом на „Копанки“

Градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески вчера на претседателот на Планинарскиот спортски клуб  „Пелистер“ Диме Попов му ја врачи урбанистичката согласност за бесправен објект, односно за легализација на планинарскиот дом Копанки на Пелистер.

Легализиран планинарскиот дом на „Копанки“
Легализиран планинарскиот дом на „Копанки“

– Во изминатиов период правевме обиди да направиме проект за поголем објект, но заради местоположбата и законската регулатива на Р. Македонија тоа во моментов е невозможно. Имено се работи за легализирање на објектот на Копанки онаков каков што беше пред опожарувањето, истакна градоначалникот Талески.

Легализиран планинарскиот дом на „Копанки“
Легализиран планинарскиот дом на „Копанки“

Постапката за реконструкција на планинарскиот дом продолжува со тоа што веќе е ангажирано лице кое ќе го изготви проектот за истата. Првичните проценки се дека проектот би бил готов до крајот на Август оваа година, и со тоа дека во рок од една година домот би бил ставен на располагање на сите љубители на планината.

– Како клуб кој го поседува и е имот на клубот, планинарскиот дом Копанки, следи запишување во катастар, а потоа барање на согласност, односно издавање на решение за реконструкција, изјави претседателот на клубот Диме Попов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.