Легализирани 1.060 дивоградби во Неготино

Во Неготино се легализирани 1.060 дивоизградени објекти, што воедно е бројот на комплетно завршени постапки и врачени решенија од страна на Локалната самоуправа до сопствениците на дивоградбите, информираше денеска Снежана Цветкова, раководител на Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при општината.

Таа како што пренесува МИА, појаснила дека се работи за објекти изградени пред 2011 година, а за кои беа поднесени апликации во изминатиов период.

-Всушност, во нашата служба добивме вкупно 2.060 барања за легализација. Од нив 30 се одбиени, а на останатите интензивно работиме, соопшти Цветкова.

Рокот за поднесување на апликации за легализирање на дивоизградени објекти, како што рече, истекува на крајот од месецов. Цветкова упати апел до сите оние кои имаат проблеми со своите нелегално изградени објекти чиј статус може да биде решен, да поднесат документи за легализација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.