Легализирани 807 објекти во Дебар

Во општина Дебар, од вкупно доставените 2.086 барања за легализација на диво изградени функционални објекти, до сега донесени се 817 решенија, од нив 807 позитивни, пренесува МИА.

– Во општина Дебар до определниот рок, декември 2011 година доставени беа 2.086 барања. До сега издадени се 817 решенија, од нив 807 позитивни и веќе сопствениците на објектите ги имаат запишано во катастар, додека десет се негативни бидејќи не ги исполнуваат условите за легализација. Останатите се во постапка, вели Петрит Пачуку, раководител на секторот за урбанизам во општина Дебар.

Според него нашинците кои живеат и работат во странство, иако доаѓаат најмалку двапати годишно во родниот крај, сепак не покажуваат интерес да ги докомплетираат барањата.

– И дел од нив но и дел од оние кои живат тука кога ги бараме за да се забрза постапката добиваме одговор дека никој не може да им ја земе куќата или друг вид објект. Има време велат ќе го направиме тоа, објектите се наши, нагласува Пачуку.

Тој не е задоволен и од одѕивот на социјално ранливите групи како и лицата со ниски примања, за кои подготовката на елаборат е бесплатна, односно ја плаќа владата и при тоа упатува апел до сите нив да дојдат да информираат со цел што побрзо да го решат статусот на нивните дивоградби.

Ништо подобра не се состојбата во општина Центар Жупа.

Според градоначалникот Ариан Ибраим од доставените 1.578 барања решенија добиле 375 од кои лани 110. Главен проблем при решавањето на барањата, како што потврдуваат во општината, се нерешените имотно правни односи