Легализирани нови 150 дивоградби во Ѓорче Петров

Легализирани нови 150 дивоградби во Ѓорче Петров
Градоначалникот на Општината Ѓорче Петров Сокол Митровски додели уште 150 нови решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

Како што соопшти општината, со доделувањето на новите решенија бројката на решени предмети се искачи на 6.089 од вкупно 10.979 поднесени.

 За жал, дел од граѓаните, чии предмети се уште не се решени, а  се во завршна фаза и им недостаигаат само дел од документите за докомлетирање, не се одѕваа на честите апели од општината за навремено доставување на потребните документи со што видно би се намалила бројката на нереализирани барања, а со тоа и самите граѓани би го решиле проблемот со своите дивоградби и би живееле во легални објекти. Вработените од Секторот за урбанизам, во декември 2015 година испратиле стотици известувања, но за жал многу е мал бројот на граѓани кои се одѕвале на писмените достави, се вели во соопштението од општина Ѓорче Петров.

Од општината апелираат да не се чекаат крајните рокови затоа што граѓаните би можеле да го загрозат процесот на легализирање на нивниот објект.

Затоа повторно ја користиме приликава и апелираме до сите оние кои треба да ги докомплетираат своите документи тоа да го направат што поскоро. Општинските екипи секојдневно се на терен за утврдување на фактичката состојба на објектите за кои е поднесено барање за нивна легализација, се вели во соопштението од општината.