Легализирани нови 50 дивоградби во Кисела Вода

Нови 50 решенија за легализација, денеска  додели градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

– На овој ден, на кој во многу куќи се празнува светецот Никола, кога сме на самиот крај на оваа година и си ги посакуваме едни на други најубавите желби,вие, од тука, ќе заминете со една исполнета, голема желба, со решение кое ќе ви овозможи да бидете свои на своето, решение со кое вистински и законски ќе го поседувате својот објект и ќе располагате со него, а во иднина ќе можете да го оставите како наследство и на вашите деца и внуци-истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ, потенцирајќи дека бројот од досега легализирани 3304 бесправно изградени објекти на територија на општина Кисела Вода е заедничка заслуга.

– Оваа бројка е резултат на нашата заедничка посветена работа. На Владата на РМ која го донесе овој закон и со тоа овозможи историска шанса за решавање на децениските проблеми на граѓаните во делот на впишување на правото на сопственост на нивните објекти, на општина Кисела Вода која воведе низа мерки во насока на подобрување на динамиката на процесот и ваша – на имателите на нелегалните објекти кои ја доставивте до општинската администрација сета потребна документација-истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ.

Доделувајќи ги решенијата, таа најави дека континуитетот на легализација на дивоградбите ќе продолжи и во годината што е пред нас и  ги повика лицата кои поседуваат ваков нелегално изграден објект да не го чекаат крајниот рок за да ја достават потребната документација.

leg 190

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.