Македонија

Легализирани уште 50 дивоградби во Кисела Вода

Легализирани уште 50 дивоградби во Кисела Вода

Нови 50 решенија за легализирани објекти во општина Кисела Вода денеска додели градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ.

Истакнувајќи ја важноста на процесот на легализација, таа потсети дека досега се завршени 3.204 предмети и упати апел до сите лица кои имаат нелагално изграден објект да ја достават комплетната документација до административните служби, со што легализирањето би можело да се реализира.

– И овој пат ќе си дозволам јавно да ги повикам сите граѓани кои немаат изготвено геодетски елаборат, а се работи за 3.692 лица, да го сторат истото во најкраток можен рок, бидејќи со некомплетна документација, односно без елаборат го доведуваат во прашање легализирањето на објектот, рече Беличанец-Алексиќ.

Воедно, изготвени се 102 урбанистички согласности од кои, за 79 се чека на уплата за процедурата да може да продолжи и процесот на легализација да може да се заокружи.

Таа нагласи дека нелегалното градење во овој вакуум простор е строго забрането и дека секој објект без легални документи за градба кој ќе  биде забележан од страна на инспекторите од општинската градежна инспекција веднаш ќе биде срушен.