Легализирани уште 50 дивоградби во општина Гази Баба

легализирни

Од досега поднесените 18.800 барања, бројот на легализирани бесправно изградени објекти достигна околу 6.300 издадени решенија. Досега се изготвени околу 6.700 урбанистички пресметки, од кои за 400 се чека уплата на надомест за постапката за изготвување на решенијата за легализација на објектите да може да продолжи, соопшти општина Гази Баба.

Решенијата ги врачил градоначалникот Тони Трајковски кој, како ште се наведува, апелирал граѓаните да се обраќаат до надлежните служби во општината доколку сакаат да градат нов објект, да прават доградба или надградба на објект за да се информираат за законските рамки и да не сносат санкции.