ВИДЕО: Легендарниот „Микрософт Пеинт“ во ново руво збогатен со 3Д алатки

Моментално никој не е сигурен што точно Микрософт има на ум да престави во јавноста на својата прес конференција.

Гласините велат дека станува збор за „нова ера на Виндоус 10 оперативниот систем“, но за сега нема офицјално потврда. Покрај тоа што редизјнот на „Пеинт“ е топ вест, таа програма е една од најлегендарните продукти на оваа фирма и е во употреба веќе три децении –  првата верзија е преставена дури во ноември 1985 година.

Тоа беа времиња кога информатиката заедно со компјутерите почнувала со своите глобални освојнувања, а „Пеинт“ ги издржа сите тие промени и тестот на времето. Оваа апликација или програма се појавуваше како интергриран дел од сите оперативни системи на „Микрософт“, вклучувајќи и во најновниот нивен производ, „Виндоус 10“.

Покрај тоа што оваа апликација е доста едноставна и не може да се носи со сиот тој фантастичен софтвер за графичка обработка на пазарот, таа е сеуште тука, па затоа нејзините сопственици решија да и вдахнат нов дух.

„Микрософт Пеинт“ треба да ни пристигне со нов интерфејс, редизајниран и прилагоден на новиот „Виндоус 10“ и се разбира со тач опции и со можност за работа на новото стилос пенкало.

Тоа што е особено интересно е и поддршката за 3Д објекти и манипулација правејќи ја оваа алтакта доста корисна во иднина.