среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

ВИДЕО: Легендарниот Раул со трофеј се прости од фудбалот

Легендата на Реал Мадрид и на шпанскиот фудбал, Раул Гонзалез Бланко, ја заврши својата фантастична кариера откако синоќа освои нов трофеј.

Легендата на шпанскиот и светскиот фудбал, Раул Гонзалес со трофеј се прости од фудбалот

Легендата на шпанскиот и светскиот фудбал, Раул Гонзалес со трофеј се прости од фудбалот

Поврзани вести

Во последниот меч во кариерата Раул со тимот на Њујорк Космос триумфираше над Отава фјури со 3:2, закитувајќи се со пехарот во НАСЛ-лигата.

Иако не се запиша меѓу стрелците, Раул дефинитивно беше ѕвезда на вечерта, сосема оправдано со оглед на фантастичната кариера на Шпанецот на која вчера и дојде крај.

Се чувствувам прекрасно. Од моментот кога го најавив пензионирањето прочитав безброј пораки, ја почувствував љубовта на фановите и сегашните и поранешните соиграчи, а токму тоа е најважно. Ова е најдобро за сите, имав среќа да настапувам за големи клубови, да ужувам во фудбалот. Ќе продолжам да живеам со оваа страст, но ќе тргнам по друг пат, изјави Раул, најавувајќи дека планира да остане со најважната споредна работа во светот.

Најчитани вести