Легендата на југословенскиот фудбал Савичевиќ со поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО)

„Мислам дека тоа се желби на одредени поединци и групации. Македонија има своја државност, има свој Устав и според мене, Македонија треба да остане заедно и тоа да остане само како најлошо решение, бидејќи војната не носи ништо добро. Недај Боже да се случи таму кај вас, бидејќи знам дека имате доста проблеми. Македонија е во една специфична ситуација бидејќи целото нејзино опкружување има некои свои претензии и ако недај Боже дојде до војна мислам дека тоа ќе биде лошо за населението гледајќи општо, а потоа тие помали групи, некои луѓе веројатно би профитирале. Но, мислам дека Македонија треба да остане, да го сочува мирот. Најважно е да се сочува мирот во државата, истакна тој за Телевизија Нова.