Давид Жинола, легендата на Премиер лигата во кома

Давид Жинола, легендата на Премиер лигата во кома
Давид Жинола, легендата на Премиер лигата во кома
Легендарниот француски фудбалер Давид Жинола доживеал срцев удар во текот на вчерашниот ден и се наоѓа во кома.

Ударот Жинола го доживеал на фудбалски терен, само неколку дена по учеството на еден гол турнир.

Британските медиуми јавуваат дека на 49-годишниот фудбалер му се слошило поради високата температура која ја имал, но и поради напорот кој го трпел. Моментално не е свесен, но е надвор од животна опасност.

Жинола беше ѕвезда на Премиер лигата во 90-тите година. Играше за Њукасл, Астон Вила, Тотенхем и Евертон, а на Островото дојде од ПСЖ.