Легија исфрлена, Селтик оди во следното коло

Фудбалерите на Легија од Варшава се исфрлени од понатамошното учество во Лигата на шампиони затоа што во реваншот со Селтик настапил суспендираниот фудбалер Бартош Березински.

Наместо полскиот тим во ждрепката во плејофот ќе се најде Селтик, кој загуби од Легија со вкупни 6:1.

Младиот Березински добил црвен картон во последниот меч во Лига на Европа во минатата сезона за Легија и казнет е со три меча неиграње. Тој ги пропушти двата меча со Сент Патрик, како и првиот дуел со Селтик и од тој аспект правилата не се прекршени. Но во УЕФА открија дека Березински воопшто не бил регистриран за првото коло, бидејќи само регистрираните фудбалери може да отслужат суспензија.

Ова не е прв пат Селтик да профитира затоа што друг клуб ги прекршил правилата, бидејќи пред три години истото му се случи на Сион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.