Балкан

Легија прозборе за убиството на Чурувија

Легија прозборе за убиството на Чурувија

Специјалниот обвинител за организиран криминал во Србија, Миљко Радисављевиќ, изјавил дека Милорад Улемек прозборел за убиството на Чурувија што што било клуч за апсењата.

Командантот на единицата за специјални операции Милорад Улемек Легија минатата недела открил нови факти во врска со убиството на новинарот и сопственик на весникот „Телеграф“, Славко Чурувија, на 11-ти април 1999-та година.

„Улемек е сведок до кој дојдовме и кој детално ни одговори за своите сознанија, а тој бил еден од клучните актери во тој период“; рекол Радисављевиќ.

Чурувија беше убиен на Велигден, на 11-ти април 1999-та година, во екот на бомбардирањата на НАТО врз Југославија. Убиството е извршено околу 17 часот во Белград, каде што се наоѓале просториите на маркетинг службата на „Телеграф“ и станот во кој што живеел тој.