Лех Валенса: Нема слободна и силна Европа без Украина

Носителот на Нобеловата награда за мир и поранешен претседател на Полска, Лех Валенса, смета дека не може да има слободна и силна Европска унија без учество на Украина во неа, пренесуваат локалните медиуми.

„Станувајќи земја-членка на Европската унија, Украина ќе заработи многу пари. Најважно сега е да продолжат преговорите меѓу Украина и Европската унија. Нема еднозначни одговори ‘за’ и ‘против’ Европската унија. Но денес Европската унија е во разнишана состојба. По кризата Унијата стана механизам кој не работи многу добро. Од друга страна Украина има силна врска со Русија. Многу подобро би било ако овие врски се запазат, бидејќи денес Европската унија не е во состојба да ги надомести загубите за Украина, ако таа ги расипе односите со Русија“, изјавил Валенса.