Лејди Гага вљубена „до уши“

Американската пејачка Лејди Гага е вљубена како никогаш досега во нејзиниот свршеник Тејлор Кини, што го покажа и на премиерата на неговиот најнов филм „Rock the Kasbah“.

На црвениот килим на премиерата во Њујорк, освен што му даде целосна поддршка на Кини, Лејди Гага ја покажа и својата љубов кон него, бакнувајќи го и гушкајќи го вереникот пред фотографите.

gaga1

Инаку, двојката е во врска веќе четири години, а се запознаа во 2011 година на снимањето на спотот за песната на Лејди Гага „You and I“.

gaga2

Тие се верија пред неколку месеци и сега планираат свадба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.