Лејкерси поразени од Голден Стејт

Изминатата ноќ во НБА лига се одиграа десет натпревари, а тимот на Лос Анџелес Лејкерс претрпе пораз од Голден Стејт со 102:83. Езерџиите на овој натпревар повторно настапија без најголемата ѕвезда во тимот Коби Брајант. Тој го повреди коленото на претходниот натпревар и ќе мора да апстинира од терените шест седмици.

Резултати: Милвоки – Филаделфија 116:106, Голден Стејт – ЛА Лејкерс 102:83, Орландо – Сакараменто 100:105, Шарлот – Јута 85:88, Детроит – Хјустон 97:114, Чикаго – Кливленд 100:84, Сан Антонио – Оклахома 100: 113, Феникс – Далас 123:108, Портланд – Њу Орлеанс 110:107, ЛА Клиперс – Денвер 112:91.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.