Лек за ракот пронајден во гените на диносаурусите

Благодарение на генетскиот материјал од живите потомци на џиновските гуштери, крокодили и алигатори, научниците се на прагот да ја разрешат тајната регенерација и нивната способност за обновување.

Диносаурусите, џиновските влекачи кои оделе по Земјата пред повеќе од десет милиони години, имале вродена способност за обновување и лечење на повреди и болести. ДНК на овие суштества содржи тајни, со чие откривање луѓето би успеале да се спасат од бактериски инфекции, рак и други опасни болести, тврдат научниците.

Истражувачите во британскиот универзитет во Манчестер проучувале фосилни остатоци стари 72 милиони години од диносауруси високи 8 и пол метри од Северна Америка, пренесува Дејли Меил.

Ова суштество неколку месеци пред смртта, добило повреди од кои човекот не би можел да преживее ниту да се опорави. Но диносаурусот успеал да се излечи, а истражувачите сметаат дека се на чекор да ја откријат тајната на регенерацијата скриена во неговите гени, и тоа благодарение на генетскиот материјал од неговите потомци- крокодили и алигатори.

Патологијата на диносаурусите овозможува увид во биологијата и филозофијата на изумрените предатори. Проучувањето на антителата на роднините на диносаурусите, можат да допринесат во развојот на лекови кои го помагаат имунолошкиот систем, рекол д-р Фил Манинг од Универзитетот во Манчестер.

Според него, предокот на страшниот предатор тираносаурус, преживеал и покрај бактериската инфекција предизвикана од скршени раце, нозе, ребра, опашка и вилица, и тоа се додека не подлегна на туморот.

Неверојатно е што сите тие повреди покажувале знаци на закрепнување. Истражувачите веруваат дека нивните потомци, крокодили и алигатори, чуваат некои од овие способности, и благодарение на нив, се во состојба да ги регенерираат изгубените екстремитети. Научниците се надеваат дека ќе ги откријат тајните на нивната имунологија и тоа ќе им допринесе на луѓето во борбата против смртоносните повреди и болести како што е ракот.