Лекар од Србија киднапиран во Либија

Српскиот весник „Блиц“ јави дека лекар од Србија вчера бил киднапиран во Либија.

Лекарот, чиј идентитет се уште не е објавен, бил киднапиран недалеку од болницата „Ал сабеја“ во главниот град Триполи, објави српскиот дневен весник, цитирајќи ја либиската државна новинска агенција Лана.

Според изјавите на неговите колеги, засега неидентификуваниот лекар од Србија бил киднапиран од група вооружени мажи.

Повеќе детали не се познати.

Убиени осуммина џихадисти поврзани со киднапирањето на Хрватот Салопек

Осуммина џихадисти вчеравечер беа убиени од страна на египетските безбедносни сили.

Џихадистите биле поврзани до грабнувањето на Хрватот Томислав Салопек, за кого Исламска држава соопшти дека го обезглави.

salopek

Терористите биле ликвидирани при едночасовната престрелка во пустинскиот реон Ел Вахат, југозападно од престолнината Каиро.

Салопек (30), вработен во претставништвото на една француска градежна фирма во Египет, во јули беше грабнат во истата област. На крајот Хрватот веројатно бил префрлен кон границата со Либија, каде им бил предаден на Исламска држава.

На 12. август радикалната група соопшти дека го убила Салопек.

Според египетсата истрага, ликвидираните џихадисти биле замешани и во атентатот врз главниот египетски обвинител Хишам Баракат, кој беше убиен на 29 јуни.

Египетското Министерство за внатрешни работи, малку подоцна соопшти дека безбедносните сили по грешка убиле најмалку 12 и раниле 10 мексикански туристи и Египѓани, додека во текот на вчерашниот ден ги бркале џихадистите низ реонот на Ел Вахат.

Мексиканците патувале со четири џипа во конвој низ пустинскиот реон во западен Египет, каде војниците и полицајците ги бркале екстремистите. Тие по грешка биле земени за терористичка цел од страна на силите за безбедност, кои отвориле оган врз нив.

Туристичката група се наоѓала во забранетета зона за цивили.

Формирана е специјална комисија за истрага на трагичниот настан.

Во моментот не е познато колку точно Мексиканци се убиени и ранети, пренесува МИА.