Лекар заболе од ебола во Нигерија

Нигерски лекар чиј пациент починал од ебола во Лагос и самиот се разболел од смртоносниот вирус, соопшти денеска нигериското Министерство за здравство.

Заболувањето на лекарот е вториот случај на ебола во Нигерија и трет мешу лекарите во Западна Африка, каде во јануари оваа година изби епидемија од оваа заразна болест.

Еден американски лекар и медицинска сестра се заболеа од ебола пред седум дена во Либерија. Докторот е вратен во САД на лечење, а оваа недела ќе биде испратена за САД и медицинската сестра.

Од ебола или хеморагична треска од јануари досега починале 729 лица, а заразени се повеќе од 1.300, наведува Светската здравствена огранизација.

Епидемијата во јануари изби во Гвинеја, а во март се прошири и во соседните Сиера Леоне и Либерија.