Македонија,Крими хроника

Лекар заврши на Ургентен, бил претепал од син на пацинетка

Лекар бил претепан од син на пациентка и со потрес на мозокот и повреди по лицето бил префрлен ан Хируршките клиники.

Инцидентот се случил додека лекарот бил на дежурство и пунктирал пациентка со малигно заболување на која требало да и се извади вода од стомакот. Во исто време работел и со друг тежок пациент со крварење.
Во еден момент пациентката ја измрдала раката, по што се извадила иглата. Докторот повторно ја наместил и го замолил семејството кое било бројно, да излезат од болничката соба за да не сметаат и тргнал по ходникот. Тогаш синот на пациентката на возраст од 25 години, го нападнал од зад грб, почнал да го мава со тупаници по главата и да го пцуе лекарот.

Обезбедувањето реагирало, а лекарот бил однеден во Ургентниот центар каде му била пружена лекарска помош.