Лекар зел 100 евра мито за да издаде лажна потврда за повреда

Лекар од Гостивар е уапсен бидејќи примил мито од 100 евра за да издаде лажна потврда за повреди на глава.

М.С.(59), вработен во гостиварската болница „Ферид Мурат“, во неговата канцеларија од лице од Гостивар побарал и зел 100 евра за вештачење, односно за потврда која требал да му ја издаде за повреди на главата, а кои лицето ги задобило при физички напад, за што поседувало правосилна судска пресуда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.