Лекари заборавиле стапче за брис во внатрешноста на маж

Поранешниот камионџија Френк Хибард (69) од Лутон Велика Британија во 2001-вата година бил опериран од простата, но по 13 години живот со болка што била несфатлива за медицинските лица, лекарите забележале дека во неговиот абдомен заборавиле стапче за брис, пишува „Дејли Експрес“.

Околу стапчето за брис по толку години се формирала канцерогена маса со големина на диња, а Френк требало повторно да биде опериран, но само неколку дена пред операцијата пензионерот починал.

Неговата вдовица, Кристин сега правдата ја бара на суд. Таа почна правна постапка против болницата Лутон и Данстон од каде претходно признаа дека по грешка заборавиле стапче за брис во неговиот абдомен за време на првата операција.

Сопругата на Френк, Кристин, правдата ќе ја бара на суд
Сопругата на Френк, Кристин, правдата ќе ја бара на суд

Стапчето за прв пат било забележано на рентген 11 години по првата операција.

Френк требаше да оди на операција веднаш, но стана мошне слаб и падна во сон што наликуваше на кома цели седум дена пред да почине на моите раце, раскажува Кристин.