Лекари извадиле компир од вагина на жена

Вработените во една клиника во Колумбија биле вчудоневидени откако како пациент имале девојка (22) која имала компир во вагината како контрацепција, и истиот почнал да пушта никулци во неа.

Персоналот во амбуланта во градот Хонда, изјавил дека оваа девојка дошла жалејќи се на болки во долниот дел на абдоменот. Медицинската сестра Каролина Ројас била шокирана кога видела дека компирот буквално растел во неа.

„Мајка ми ми кажа дека ако не сакам да забременам, треба да ставим компир долу и јас и поверував,“ изјавила пациентката.

Медицинската сестра изјавила дека компирот во неа бил околу две недели и додаде дека успеале да го извадат без операција. Не очекуваат никакви последици, освен научената лекција дека не е начин за контрацепција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.