Лекарите кои вршат трансплантација ослободени од партиципација за лекување

Лекарите кои вршат трансплантации и персоналот кој им помага при истите ќе имаат посебен додаток од две празнични дневници, истакна премиерот Груевски при гостувањето во Дневник 2 на МРТ1.

– Тие ќе имаат посебен додаток и лекарите и персоналот. Лекарите, донаторите на органи и ткива, како и донаторите на крв ќе бидат доживотно ослободени од партиципација при лекување, истакна тој.

Доколку некој лекар во помала средина врши за него посложена дијагноза или интервенција, во иднина ќе треба тоа да го прави во консултација со специјалист. Ќе мора да изврши консултација со поискусен лекар.

– Тоа се светски пракси, кои ние се стремиме да ги спроведеме во Македонија, додаде тој.