Лекарите од „ 8-ми Септември“ се откажуваат од наградата, ќе ја донираат за полицајците

Медицинскиот персонал во ГОБ „8 септември“ кој викендот беше ангажиран за лекување и повредените полициски службеници во акцијата во Куманово се откажува од понудената награда (уште една плата) и истата сакаат да биде пренаменета за ранетите и семејствата на загинатите полицајци.

Според информациите на „Здравство24“ ваква одлука едногласно била донесена на вчерашниот редовен утрински колегиум на лекарите во болницата. За време на акцијата во оваа здравствена установа беа примени 11 повредени припадници на безбедносните сили. Шестмина поради сериозноста на повредите биле оперирани.
Во болницата се уште на лекување се 5 полицајци.

-Нивната здравствена состојба е стабилна и полека се опоравуваат. Се надеваме дека во понеделник и тие ќе бидат пуштени на домашно лекување, велат за „Здравство24“ од ГОБ 8 септември.

Според информациите од болницата, во саботата многу лекари, сестри, техничари, анестезиолози… самоиницијативно и доброволно без да бидат повикани дошле на работа за да помогнат во третманот и лекувањето на ранетите и повредените полицајци.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.