Лекарите прекинаа со будење на Шумахер од кома, поради компликации

Заздравувањето на славниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер кој од крајот на декември е во кома поради тешки повреди на главата при скијање, никако да се заврши.Поради компликации настанати во текот на постепеното будење од вешатачка кома, тој процес е прекинат,пренсеува Билд.

Кон крајот на јануари, лекарите во болницата во Греноблу започнаа со спор процес на будење. Имало и добри знаци како трепкање од страна на Шумахер, но потоа започнале да се случуваат компликации, поради што будењето е прекинато.Кога ќе продолжат со будење не се знае.

Минатата недела, семејството на Шумахер соопшти дека како што е вообичаено во такви случаеви, секој ден е приказна за себе, замолувајќи ја јавноста за разбирање зошто не сака обелоденување на детали за заздравувањето на легендата на Формула 1.