Лекарите – специјалисти ќе добијат покачување на платата за 25 отсто

Министерот за здравство, Никола Тодоров, најави дека до февруари идната година ќе бидат зголемени платите на лекарите -специјалисти вработени во скопските клиники, за околу 25 отсто. Парите биле заштедени од одредени набавки, а претходно, како што рече, оделе во нечии џебови.

„Со последната набавка во која се набавени двата најскапи лекови, беа заштедени околу 6 милиони евра. Како резултат на овие заштеди, Владата и Министерството за здравство донесоа одлука да се зголемат платите на сецијалистите вработени во клиниките во Скопје, и тоа за 24,92 проценти“, истакна Тодоров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.