Лекарите во шок, родено бебе бремено со близнаци

Лекарите во Хонгконг дури овој месец успеале да го завршат истражувањето на бебето родено со два фетуси во внатрешноста на телото.

Бебето се родило во 2010 година, но дури сега е потврдено дека двете структури кои се пронајдени во телото на девојчето навистина се фетуси.

Секој од фетусите има свои црева, папучна врвца, но и ребра, ’рбет и мозок кој е во рана фаза на развивање. Докторите сметаат дека фетусите се развивале во фетусот на мајката 8 до 10 недели, па потоа некако се апсорбирале во телото на бебето пред да се роди.

Бебето успешно е оперирано, а фетусите се отстранети од делот меѓу левиот бубрег и црниот дроб.

Ембрионот во внатрешноста на бебето бил премал и не можеле да го забележат за време на ултразвучните прегледи во текот на бременоста. Најверојатно, до оваа појава доаѓа кај оние мајки кои имале повеќе последователни абортуси.