Македонија

Лекарски тим попладнево врши прегледи во прифатниот центар во Гази Баба

Лекарски тим попладнево врши прегледи во прифатниот центар во Гази Баба

Повеќе од триста мигранти сместени во прифатниот центар за мигранти ќе бидат соодветно третирани и вакцинирани.

Како што информираше министерот за здравство Никола Тодоров тим од доктори инфектолози и дерматовенеролози попладнево вршат прегледи во прифатниот центар во Гази Баба каде имало појава и на вошки и шуга. Вакцинација е предвидена и за оние мигранти кои  подолго ќе се остануваат во земјава а не биле вакцинирани.

-Вакцинацијата ни е битно сите што подолго ќе се задржуваат во РМ оние што транзитираат може евентуално дезинфекција на превозни средства примес на возови автобуси а они што подолго од 72 часа што според новиот закон ќе останат доколку немаат доказ дека се вакцинирани ќе мора да се вкацинираат, изјави министерот Тодоров, пренесе Канал 5.

Тој посочи дека во моментов се следи ситуацијата и оти се фокусирани на тоа да се спречи евентуално ширење на заразни болести.

-Инаку досега заедно со Црвениот крст и постојаното тело во кое членувам и јас претставници од Министерството за здравство ја следиме постојано состојбата од Црвен крст има и мобилни екипи кои се движат долж коридорот по кој одат мигрантите и се преземаат од наш аспект сите неопходни мерки за превенција од ширење на заразни заболувања, додаде министерот.

Како што информираше тој, досега 21 мигрант побарал здравствена заштита, најмногу во општата болница Куманово.