Четири важни лекции за животот на кои не научи Адел

Нема дилеми околу тоа дека Адел е суперѕвезда. Синглот „Hello“ со којшто Адел се врати на музичката сцена е доказ дека добрата песна е доволна за да предизвика огромно медиумско внимание.

Без разлика на огромниот успех, Адел нема потреба да се експонира и да се појавува премногу во медиумите. Единствено што знаеме за нејзиниот приватен живот е исклучиво преку нејзините ПР агенти или доколку сака во некое интервју да открие некој детал. Дали е возможно да се има здрава врска, да се биде ултрапознат и да ја сочувате скромноста? Адел ви е најуверлив доказ!

Сакајте се себе си, своето тело и умот

Адел зрачи со самодоверба. Таа е задоволна со себе си и никогаш несакала да привлече внимание со ништо друго, освен со нејзиниот глас.

Никогаш не сум ги гледала насловните страници на списанијата и не сум мислела дека морам да изгледам како моделите за да бидам успешна, изјаво таа во интервју со новинарот Андерсен Купер.

Во таа прилика таа додаде дека не е потребно згодно тело и сексапил за да го продаде нејзиниот албум.

Сосема е нормално да бидете повреден по раскинувањето

Кога врската…