Четири важни лекции за животот на кои не научи Адел

Кога врската неславно ќе се заврши, воглавно не учат да бидеме силни и храбри и да не му покажеме на поранешниот колку всушност не повредил.

Адел ни покажа дека дејствуваме сосема спротивно! Таа храбро и без срам им порача на поранешните момчиња и на светот колку страдала по раскинувањето. Пред се ние сме луѓе и имаме право да страдаме, плачеме се додека не преболиме…

Смејте се често и гласно

Сосема е во ред и оправдано во некои (екстремно смешни) ситуации да не бидете сериозни и да му покажете на светот колку ви е забавно. Без разлика дали е на интервју или на некој друг разговор за работа, Адел не се плаши да го каже сопственото мислење и тоа да го проследи со гласна и заразна смеа.

На прашањето дали би сакала да биде Бонд девојка, пејачката одговори:

Хахахахахахахахахахахахахахахааааа! Не!