Лекција за добар оргазам кај жените

Можеби сте мислеле дека морате да знаете илјада и еден трик за да ја задоволите својата сакана, но постои една единствена работа која морате да ја совладате за да и’ приуштите добар оргазам. Големиот притисок на кој што мажите се секојдневно изложени кога се секс-лекциите во прашање често знаат да ги прејдат границите на добриот вкус, а всушност не се наоѓа никој за да им објасни една работа која е најважна и дека се’ останато се учи со време.

Она што веднаш треба да го совладате за да ја направите саканата среќна е одлагање на оргазмот односно спречување на предвремена ејакулација. Многу момци често не успеваат во тоа, поради што жените остануваат незадоволни, што вам секако не ви оди во прилог. Ваше е жената да ја запалите, добро да ја забавувате, да ја доведете до оргазам па потоа вие да свршите.

Кога ќе ја совладате оваа техника, ќе можете за себе да кажете дека сте добар љубовник. Во спротивно, себичноста во креветот може единствено да заврши неславно – со неверство или дури развод или раскинување на врската. Затоа водете сметка вашата жена секогаш да биде среќна во сексот, сепак на мажот тоа мора да му биде на прво место, пред неговото задоволство и бурниот оргазам.

Техниката се совладува на многу едноставен начин. Не постои голема филозофија освен тоа кога ќе почувствувате дека сте блиску до оргазам, застанете на момент, а потоа продолжете. И секако, водете сметка да ги дознаете сите можни афинитети, скриени желби и фантазии кои се вртат низ главата на вашата мила.

И секако не заборавајте, предиграта е задолжителна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.