Спорт

Лекиќ: Цвијиќ намерно ме удри

Лекиќ: Цвијиќ намерно ме удри

Најдобрата ракометарка во светот Србинката Андреа Лекиќ, не можеше да го даде максимумот за Вардар СЦБТ во полуфиналето на фајнл форот во Лигата на шампионите против Будуќност, бидејќи нејзината сонародничка во таборот на црногорскиот тим Драгана Цвијиќ, силно ја удри во дијафрагмата во првото полувреме. По ударот Лекиќ, се пресели на клупата и само повремено влегуваше во игра.

“Не паметам ниту што ми рече по натпреварот . Толку силно ме удри во дијафрагмата, што цели 30 минути ми се повраќаше . Ова беше намерно удирање. Никогаш претходно не сум реагирала на вакви дуели , но ова ги премина сите граници. Па уште судењето. Ми се гади од сето ова , со солзи во очите изјави Лекиќ.

Пикерот на Будуќност , се правдаше дека сето ова било во жарот на борбата и дека немало ништо лично против нејзината сонародничка.