Лекиќ најдобра ракометарка за 2013 година

Средниот бек на македонскиот шампион во женска конкуренција ЖРК Вардар СЦБТ, Андреја Лекиќ е прогласена за најдобра светска ракометарка за 2013 година!

Лекиќ којa сезонaва ги брани боите на „вардарки“ до ова признание дојде благодарени на сребрениот медал со Србија на Светското првенство кое се одржа во Србија, но и поради освоената европска шампионска клупска титула со екипата на Ѓер.

Лекиќ признанието го доби во конкуренција на Црногораката Катарина Булатовиќ, Унгарката Анита Горбич и Норвежанките Катрин Лунде и Хајди Локе.

Наградата за најдобар ракометар на светото во изминатата година отиде во рацете на Хрватот Домагој Дувњак.