Лекиќ: Се надевам на нова европска титула

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција Вардар СЦБТ, денеска во 17.30 часаот во Будимпешта го игра полуфиналниот натпревар во Лигата на шампионите, против црногорскиот Будуќност. Доколку избраничките на тренерката Индира Кастратовиќ слават на овој дуеле ќе се пласираат во големото финале каде ќе ги одмерат силите со подобриот од дуелот меѓу Ѓер и Митјиланд.

Чувството е прекрасно да се биде дел од најдобрите тимови во Европа. Но, верувајте ми, немаме намера да запреме тука. Наша цел е да го изодиме патот до крај и да го освоиме ова натпреварување. Играме добро, а чувствувам дека секој нов ден сме се подобри и подобри. Иако имаме огромен број нови ракометарки во тимот, чувствувам како да сме играле заедно долго време. Сезонава беше фантастична за мене, но сметам дека допрва ќе следат најголемите успеси, искрено се надевам на нова европска титула“ , изјави бекот на Вардар СЦБТ, Србинката Андреа Лекиќ.