четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Лековита мешавина која е дар од природата

honey-cinnamon

Последни вести

Мед, магична состојка од природата која е и вкусна и здрава, а во комбинација со цимет е моќно оружје против мноу болки и инфекции.

Со чај, со двопек, со палачинки или една голема лажица мед, задоволството е загарантирано, а организмот има плус витамини и сила да се бори со сите непријателски настроени бактерии и вируси.

Едно од широко познатите својства на медот е тоа што ги лечи воспаленијата на грлото. Професионалните пејачи затоа често користат мед, и на тој начин го одржуваат грлото здраво и ги подготвуваат гласните жици за настап. Една лажичка мед три пати во денот ќе биде доволна за да го смирите воспаленото грло. Добра навика е и секоја шолја чај што ја пиете да ја засладите со мед наместо со шеќер.

Со илјадници години, медот е познат како природен лек за многу болести. Се користи како помош при опекотини, исеченици, бидејќи може да ја апсорбира влагата од воздухот и да ја забрза регенерацијата на кожата. Антибактериските соединенија кои ги има во медот спречуваат инфекции и делуваат против воспаленија, ги намалуваат отоците и болката.

Ако не можете да заспиете, пробајте го стариот рецепт – млеко и мед. Во чаша со топло млеко ставете лажичка мед, измешајте и испијте го тоа.

Мешавината на мед и цимет со векови се сметала како лек за секоја болест. Некогаш се верувало дека оваа совршена комбинација може да го врати видот на слепите, па дури и да ги оживее мртвите.

Денеска, овој метод на источните народи се смета за најблаготворен дар на природата и овој еликсир со векови се користи за лечење на сите болести.

Постојат разни начини на кои се подготвува оваа мешавина во зависност од тоа за кој здравствен проблем станува збор.

Срцеви болести – Направете смеса од мед и цимет и намачкајте на леб. Овој оброк може да го јадете секојдневно како појадок. Го намалува холестеролот во артериите и го спречува срцевиот удар. Редовната употреба го намалува губењето на воздухоѕ и го зајакнува срцето. Комбинацијата на мед и цимет исто така има ревитализирачко дејство врз крвните садови.

 Помага кај рак на желудникот – Пациентите кои страдаат од овој тип на рак треба да јадат лажица мед помешана со лажица цимет во прав и тоа секојдневно, три месеци.

Артритис – Додајте две лажици мед и една лажица цимет во врела вода. Ако овој напиток го пиете редовно, можете да го излечите хроничниот артритис. Болките се ублажуваат по само 2 седмици користење.

 Холестерол – Помешајте две лажици мед и три лажици цимет во половина литар вода. Оваа смеса ќе ја намали количината на маснотии во крвта.

 Инфекции на мочниот меур – Помешајте две лажици цимет и една лажица мед во млака вода и пијте неколку пати во неделата. Тоа ги уништува бактериите во мочниот меур.

 Инфекции на кожата – Промешајте мед и цимет, смесата ставете ја на кожата која е зафатена од инфекцијата и држете ја околу 30 минути. Потоа исплакнете со топла вода.

Настинки – Оние кои патат од чести настинки треба еднаш дневно во текот на три дена да консумираат една лажица мед со ¼ лажица цимет. На овој начин ќе се ослободите од кашлањето, постојаното кивање и болките во синусите.

Рецепт за долговечност – Верувајте дека секојдневното консумирање на мед и цимет може да го продолжи вашиот живот. Мешајте четири лажици мед, лажица цимет и три шолји вода, провријте ја течноста и консумирајте ја наместо утринско кафе. Вашата кожа ќе биде мека, свежа, а и ќе го одложите настанувањето на брчки.

 

Најчитани вести